во

Windows 10 недостатоците ги учи корисниците колку е важен бекапот.

 

Windows 10 до сега имал неколку автоматски ажурирања кои бришеле фајлови на корисници, а пронлематичните ажурирања правеле проблеми и со хардверските драјвери. Поради тоа Microsoft се повеќе ја истакнува можноста за добар бекап кој би можел да служи како одлична поддршка во случаеви кога се губат важни податоци од погодениот компјутер.

Проблемите со Windows 10 ажурирањата секако не се единствен наќин за да останете без фајлови.исто така постои можност корисникот на пример да остане без хард диск, а со тоа и без се она што е снимено на истиот, како и акции во кои напаѓачи енкриптираат погодени уреди со randsomware напади, како и многу багови кои бришат податоци.

Windows 10 сепак привлекува најмногу внимание, барем во последно време, земајки во предвид дека бројот на проблеми на корисниците се повеќе се зголемува, и поради тоа корисниците се почесто се предупредуваат дека од губење на податоци можеби ги дели само едно проблематично ажурирање. За бекап се  препорачуваат различни методи, а помеѓу оние едноставни се вбројува и Windows 10 file history опцијата која функционира во пакет со екстерниот простор за складирање кој со компјутерот се поврзува преку USB порта. Доволно е редовно да се поврзува со компјутерот за да на истиот се складираат копии од фајлови, но не се препорачува постојано да биде поврзан.

Тука исто така се и онлајн бекап сервисите како што е Backblaze кој чини 60 долари годишно, што е шест долари месечно, а за најдобри резултати се препорачува комбинирање на неколку методи, и најдрагоцените фајлови да се експортираат на клауд сервиси како што се Google drive, Microsoft OneDrive, Dropbox или Apple iCloud Drive.

Што мислите?

Напишано од zabavnomk

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитување…

0

Новото чудо на „Хуавеј“ голем удар за ривалите: Моќен, а поволен