во

Wi-Fi 6 со 40% побрз пренос на податоци

Wi-Fi 6 е идната генерација на бежичен стандард кој би требало да овозможи брз пренос на податоци како во вашата куќа/стан така и на јавни места.

Моментално се активни стандардни овие два стандарди Wi-Fi 4 is 802.11n ( претставен во 2009 година ) и Wi-Fi 5 is 802.11ac ( претставен 2014 година ).

Главната карактеристика на новото Wi-Fi 6 802.11ax е поголемата брзина на пренос на податоци. Пример доколку користите бежичен рутер на кој е споен еден уред брзината би можела да достигне 40 % поголема во однос на Wi-Fi 5.

Ова се постигнува благодарејки на ефикасноста на кодирање на податоци, бидејки чиповите кои го кодираат и декодираат сигналот се моќни и можат да одработат дополнителна работа.

Навата карактеристика „Target Wake Time“ или скратено TWT би требало да помогне во зачувување на батеријата на вашиот паметен телефон или лап топ.

Кога пристапната точка комуницира со уредот, уредот може точно да знае кога може да ја постави опцијатан sleep и кога ќе се разбуди од истото за да прими следен пренос. Со ова се штеди енергија бидејки радиото може да остане подолго во состојба на мирување со што се подобрува векот на батеријата.

На јавните места како што се аеродромите или концертни дворани често доаѓа до загушување на бежична мрежа кога на нејзе се споени повеќе уреди. Wi-Fi 6 би требало да овозможи 4 пати подобра конекција во таква околина.

Wi-Fi 6 пристапната точка дели бежичен канал со поголем број на под канали, а сеекој од тие канали трансферира податоци до различни уреди, односно таа пристапна точка може истовремено комуницира со поголем број на уреди.

Така да во скора иднина кога ќе купуваме нов уред да внимаваме да има ознака 802.11ax или Wi-Fi 6 како некои производители тоа ќе го означуваат.

Што мислите?

1 point
Upvote Downvote

Напишано од zabavnomk

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитување…

0

Коментари

0 коментари

Зошто се расправаме

Нов Скандал: Facebook масовно дозволувал пристап од податоците на корисниците