во

Android и iOS корисниците на паметни телефони се предупредени за ‘Exodus’ malware вирусот

Технолошки достигнувања се прават секој ден. За жал, со секој чекор напред се чини дека има поголеми опасности таму во технолошкиот свет.

Најновиот доаѓа во форма на малициозен софтвер наречен Exodus, кој ги таргетира корисниците на Android и iOS. Забележано е дека овој тип сајбер-напад може да украде лозинки и фотографии од вашиот паметен телефон.
Весникот The Mirror ја опфати оваа најнова сајбер грижа. Во извештајот, објавен претходно овој месец, сумирани се сите оние работи за кои корисниците на паметни телефони треба да бидат свесни.
Сепак, откритието први го направија Security Without Borders. Тимот таму најнапред го пронајде малициозниот софтвер во Андроид паметните телефони. Тие го нарекоа “Exodus”.

Што треба да знаете за малициозен софтвер Exodus

Значи, “Егзодус” се опишува како “застрашувачки нов вид на малициозен софтвер”. Тој е откриен во iOS и Android апликациите. При напад на истиот, може да ги украде сите ваши лични податоци.

Овој “гаден малвер”, наводно, бил скриен во датотеките во неколку апликации во Google Play Store. Значи, откако датотеките беа симнати и инсталирани на уред, и со тоа започнуваат проблемите на корисникот.

Прво,на што треба да се обрне посебно внимание на фактот, дека заразените апликации ќе почнат со собирање основни информации од вашиот телефон. Ова може да го вклучи вашиот телефонски број и IMEI број.

Следно, овие детали ќе бидат испратени до контролен сервер. Тука може да се стартуваат повеќе бинарни пакети, со цел да се следи вашиот паметен телефон.

Конечно, малициозниот софтвер има способност да собира податоци од вашиот телефон. Ова е направено со програмата наречена DirtyCOW – обидувајќи се да пристапи до root. И потоа до, “сите податоци” вклучувајки лозинки, контакти, дневници за разговор, па дури и вашите медиумски датотеки.

Разбирливо е дека Security Without Borders ја открила верзијата за iOS. Ова потекнува од проверки по првичното откривање на малициозен софтвер на Андроид паметните телефони.

Сајбер-криминалците се во можност да го сокријат малициониот софтвер во Програмата за програмери на Apple. Оваа тактика им овозможува на компаниите да инсталираат сопствени апликации на уредите на своите вработени.

За среќа за сега многу мал број на корисници се заразени со овој вирус. И затоа внимавајте од каде симнуваате апликации бидејки вие можете да бидете следен на удар на овој вирус.

Што мислите?

1 point
Upvote Downvote

Напишано од zabavnomk

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитување…

0

Коментари

0 коментари

Напиток за чистење на белите дробови

Google Play полн со опасни апликации