во

Уред кој Wi-Fi сигналот го претвора во струја

Научниците објавија неверојатна вест – измислиле уред кој би можел да не ослободи од многу полначи и тоа така што ќе собира енергија од Wi-fi сигналот, пишува Science Ae Alert.

Во иднина, уредот нема само да собира енергија, туку ќе може да ја претвора и во електрична енергија со која ќе може да се полнат батерии од разни уреди.

Се работи за таканаречена ректена, поточно исправувачка антена која електромагнетната енергија ја претвора во едносмерна електрична струја (DC). Тимови од научници од MIT и од техничкиот универзитет во Мадрид успеале да создадат антена на таков начин што електромагнетните бранови, како што е Wi-fi сигналот, фаќа бранови од неизменична струја (AC).
Истите тие бранови ги праќа во дводимензионален полупроводник кој ги претвора во едносмерна струја при што произведува околу 40 микровати струја. Не изгледа дека е многу, но тоа е доволно да се осветли една ЛЕД светилка.

Земејки во обѕир дека ректената е флексибилна, би можела да се постави на поголеми или помали површини. Така на пример би можела да се постави на големи површини како што е тапетот на ѕидот или да се користи внатре во мал уред како што се флексибилни паметни телефони.

Тоа не е прв уред кој може да претвори Wi-fi сигнал во електрична енергија. идејата е тука веќе некое време и многу инжињери се занимаваат со тој проблем. Во овој случај е иновативна употребата на друг материјал за исправување, дел кој претвора AC и DC, со што е постигнато значително подобрување во развојот на оваа технологија.

Ви флексибилна ректена, научниците користеле молибденов дисулфид ( MoS2 ). Дебелината му е само три атома, а кога е изложен на одредени хемикалии, предизвикува фазни преминувања помеѓу полупроводниците и металните материјали.

Таков дизајн овозможува создавање на целосна флексибилност на уредот кој истовремено е доволно брз да фаќа големи сигнали кои користат наша електроника вклучувајки Wi-fi, Bluetooth и многу други.

Земајки го во обѕир тоа дека оваа технологија е финансиски достапна, би можела да се користи на големи површини. Тим од научници сега работи на изградба на големи системи и на подобрување на ефикасноста на своите ректени.

Што мислите?

1 point
Upvote Downvote

Напишано од zabavnomk

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитување…

0

Коментари

0 коментари

Во Русија започна продажба на телефони кои не можат да се хакираат ниту прислушкуваат

Андроид уредот може да биде хакиран и додека гледате слика