Габичните инфекции на ноктите се честа појава. Во почетокот заболувањето почнува со промена на бојата на ноктот во жолтеникава, а потоа со задебелување на ноктената плоча, при што ноктот станува искривен и кршлив, дури постои и голема шанса за нивно опаѓање.Кожата околу и под нокттите може да биде воспалена, па затоа освен ноктите, треба и таа да се третира.
Некои луѓе имаа поголема склоност кон габични заболувања, а тоа се: луѓе со слаба циркулација и општа лоша здравствена состојба како што се дијабетес и псоријаза, честото миење на рацете, престојот во влажни услови, носењето на ракавици, пушењето, маникирањето на ноктите во салони со ниско ниво на хигиена, исто така можат да ја потикнат инфекцијата.
Доколку и вие имате проблем со габична инфекција на ноктите ви предлагаме да си направите тинктура и купка со етерични масла. Етеричните масла кои се корисни при габична инфекција се маслото од мајчина душица, лаванда, лаворов лист и оригано.
Тинктура за габични инфекции на ноктите
Во 20 мл растително масло, додадете 30 капки од етерично масло од лаванда и оригано ( или мајчина душица ). Со оваа тинктура мачкајте се три пати на ден на критичните области. Исто така, може да се користи масло од бадем , кое ќе ја омекне испуканата и иритирана кожаи ќе го намали чешањето. Со редовна употреба на овие природни препарати за мнигу кратко време ноктите ќе блеснат во стариот сјај.
Купка за раце и стапала
Сода бикарбоната се повеќе се користи во одржувањето на хигиената и убавината, бидејки нежно ја чисти кожата, дејствува антисептично, дезодорира. Исто така е корисна при габични инфекции, затоа што алкалноста на сода бикарбона ќе ја ублажи и спречи инфекцијата. За да направите купка за рацете и стапалата во топла вода ставете една рака сода бикарбона и 10-15 капки од претходно споменатите масла, а потоа ставете ги вашите дланки и стопала за време од 20 минути. Потоа добро исушете ги, а добро е во подрачјето на ноктите и прстите да втриете малку сода бикарбона.
Габичните инфекции се долготрајни и бараат упорност . Затоа следете ги следниве совети кои ќе ви помогнат во решавањето на овој проблем.
- Одржувајте ги ноктите суви и кратки
- користете посебно ноктарче за инфицираните нокти
- по бањање, темелно исушете ги своите стапала, особено просторот меѓу прстите
- користете чевли кои се удобни и не ве стегаат

Коментари
Вчитување…