во

Овака изгледа велосипед кој се движи по бранови

Откако стана познат по дизајнирање на автомобили за Volkswagen и BMW, господинот Јосеф Рубау за себе си си постави нов предизвик – да креира велосипед! Шпанскиот изумител ја оформил компанијата RedShark Bikes и започал да се занимава со дизајнирање и продажба на велосипеди кои се движат по вода.

Ова едноставно возило им овозможило на спортските ентузијасти од улиците и планинските стази да се префрлат и во освојување на водените површини. Базата на невообичаениот  велосипед ја сочинувва тримаран, поточно чамец кој се состои од главен и два помошни трупа, а по водата се движи на тој начин што со ротација на педалите помага во придвижување на пропелерите.

Достапни се три модели: “Fun” – за сите оние кои се желни за рекреација и забава, “Adventure” – наменет за авантуристи кои сакаат да откриваат нови места и “Спорт” – спортски модел со високи перформанси.

Моделите се креирани од ралични материјали зависно од нивната намена, па затоа “Fun” и “Adventure” направени се од полиетиленска висока густина ( HDPE ), додека спортскиот модел е изработен во најголем дел од лесни карбонски влакна кои му овозможуваат поголеми брзини при движење.

Сите три модела можат лесно да се состават и да се пренесуваат со автомобил, иако изгледаат гломазно, возачот може самостојно да го пренесе својот велосипед од кола до вода со помош на пар тркала кои се прицврстени за задниот дел од трупот.

За уживање во брановите, љубителите на велосипеди би морале да издвојат помеѓу 5 и 10 илјади евра, во зависност од моделот.

Што мислите?

Напишано од zabavnomk

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитување…

0

Коментари

0 коментари

Квиз

Во Русија започна продажба на телефони кои не можат да се хакираат ниту прислушкуваат