во

Нов Скандал: Facebook масовно дозволувал пристап од податоците на корисниците

Друштвената мрежа Facebook со години дозволувала на најголемите светски технолошки компании пристап до личните податоци на своите корисници, и тоа многу поголем отколку што се претставувало во јавноста.

Според податоците на еден угледен весник, Facebook имал посебни договори со одредени компании.

Facebook постојано се развиваше, добиваше се поголем број на корисници и се повеќе заработуваше на реклами. Партнерските компании добиле карактеристики кои ги правеле атрактавни, а корисниците на најпознатата друштвена мрежа се поврзувале со пријателите преку разни сајтови и уреди.

Оваа друштвена мрежа на тој начин стекна неверојатен монопол над личните податоци на скоро 2,2 милијарди луѓе, а управувањето со нив не било транспарентно.

Facebook соработувал со други компании, било да се работи за оние кои имале сајтови, апликации или пребарувачи, а во таа соработка сите добивале по нешто.

Пребарувачот на Microsoft “Bing” дозволил без одобрување од своите корисници да добива увид во сите пријатели кои тој корисник ги има на познатата друштвена мрежа. И Netflix и Spotifaj можеле да читаа и бришат пораки од корисниците.

Amazon добил дозвола од Facebook да доаѓа до податоци за корисниците, конкретно до имиња и презимиња и информации за тоа како да ги контактираат и тоа преку нивните пријатели. Yahoo можел да гледа објави од пријатели ова лето, иако имаат изјави во кој тоа го одрекуваат, дека со тоа престанале со почетокот на оваа година.

За Facebook од март се врзуваат низа на скандали со приватни податоци на корисници, кога е откриено дека консултанската компанија Cambridge Analytica искористила податоци за корисниците како би можела да помогне во претседателската кампања во 2016 година на Donald Trump.

После признанието за кршење на довербата на корисниците Марк Zakerberg во април ги уверуваше законодавците дека корисниците имаат целосна контрола над се што сподеуваат на Facebook.

Но документите и разговорите со 50 поранешни вработени во Facebook и нивните корпоративни партнери го доведуват во прашање и тоа дали Facebook ибегнал одредба од договорот кој го склучиле со американската федерална трговска комисија во 2011 година,  по кој им било забрането на делење на податоци на корисниците без нивно претходно одобрување.

Што мислите?

1 point
Upvote Downvote

Напишано од zabavnomk

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитување…

0

Коментари

0 коментари

Wi-Fi 6 со 40% побрз пренос на податоци

Природни лекови против габична инфекција на ноктите