во

Мед со ротквица, кромид и жалфија

Доколку сакате што побрзо да се ослободите од настинката попратена со кашлање, болки во грлото и други симпоми, традиоциналната медицина ви нуди стари проверени рецепти кои датираат уште од времето на нашите прабаби, па дури и нивните баби. Истакнуваат дека во подготовката треба да се биде упорен за да се постигне целосна ефикасност.

* Бела торквица со мед: Големата бела ротквица исчистете ја да изгледа како чаша. Внатре сипете лажица до две мед, покријте со салфетка и оставате да преноќи. Наутро вдлабнатината во ротквицата ќе биде исполнето со сопствен сок помешан со мед. Доколку посебно ве мачи кашлањето, земете по една лажица од овој сок, наутро и навечер.

* Кромид со мед: Ставете поголема главица на кромид во чаша која е соодветна за да може кромидот исправено да стои во истата, а потоа избушете го. Во шуплината од кромидот ставете мед по желба, потоа секое утро испијте ја содржината која ќе се исцеди од кромидот.

* Жалфија како мед: Сварете силен чај од 40 g жалфија и 600 ml вода. После тоа на тивок оган ставате 300 g  шекер без вода. Во истиот тој шекер претходно ставете го чајот кој сте го спремиле. Добиениот сируп, варете го на тивок оган додека не добие густина на мед. Содржината оладете ја, ставете во тегла и чувајте во фрижидер. За смирување на кашлицата возрасни особи треба да земаат три пати по една супена  лажица на ден, а децата три пати по една мала лажица од овој карактеристичен мед. Освен за смирување на кашлицата, се препорачува и за пушачите за чистење на плуќата.

Што мислите?

0 points
Upvote Downvote

Напишано од zabavnomk

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитување…

0

Коментари

0 коментари

Природни лекови против габична инфекција на ноктите

Анкета