во

Кој и зошто го избегнува сексот

Сексот влијае на многу аспекти од нашиот живот, без разлика на тоа дали сме или не сме сексуално активни. Тој е една од основните биолошки потреби, и според тоа на некој начин го одредува нашиот однос со особата во нашата друштвена средина.

Сепак, милиони луѓе и понатаму  голем дел од својата старост го избегнуваат сексот. Причина за тоа можеби е емоционалниот стрес, срамот или ниското ново на самодоверба – и за особа која одбива интимна активност и за партнерот кој се чувствува одбиено.

Модерното друштво често се фокусира на сексот, а многу малку од нас се занимаваат со прашањето за избегнувањето на сексуалниот однос. Шервин Асари од Универаитетот Мичиген во центар на својот интерес го става човечкото однесување на кое неминовно влијае поврзаноста помеѓу сексот и машкиот и женскиот пол. Неговите досегашни сознанија потврдуваат дека избегнувањето на интимност влијае на неколку аспекти од нашиот живот.

Дали сме среќни доколку имаме повеќе секс?

Постојат студии кои покажале дека луѓето кои често го користат сексот се многу повеќе среќни, имаат повеќе самодоверба и задоволни се со квалитетот на својот живот. Спротивно на тоа, оние кои не се сексуално активни, често покажуваат знаци на депресија, стрес и проблеми во врската.

Во едно истражување докажано е и дека 19 посто возрасни особи ги избегнуваат сексуалните односи. Секако, се зависи од полот и брачниот статус, но интересно е дека поголемиот број на испитани неоженети мажи не можат да издржат премногу време без интимни односи.

Се покажало и дека жените почесто избегнуваат секс од мажите, 50 посто од нив тоа сигурноќе го направат барем еднаш во животот, најчесто поради болката која ја чувствуваат при пенетрација или ниско либидо.

Разликите во полот почнуваат да се чувствуваат многу рано, што се гледа кај адолесценките кои избегнуваат секс во поголема мера од адолесцентите. Освен нив, секс избегаваат жени кои претрпеле некоја врста на сексуална злоупотреба или бремени жени.

Кај мажите, најголем проблем е еректилната дисфункција, недостаток на прилики или некоја друго здравствена состојба која им оневозможува да имаат секс.

Друштво и емоционални фактори

Кај мажи и кај жени, осаменоста го контролира времето поминато во друштво, а со тоа и прилики за инеракција и потенцијално развивање на интимност. Осаменоста понекогаш доведува до замена на вистинска сексуална активност со употреба на порнографија, која со текот на времето почнува негативно да влијае на сексуалната изведба.

Многу луѓе избегнуваат секс поради срам или вина поради “дека се престари” за секс или некое друго општо прифатено и потполно погрешно друштвено мислење.

Како и кај секој проблем, лек не треба да се бара само на едно место. Освен медицинска помош, која некогаш е неизбежна ( без разлика дали бараме совет или терапија ), потребно е повеќе комуникација со партнерот и самостојно истражување од наша страна. Решението често се наоѓа во промената на нашето гледање на нештата.

Што мислите?

0 points
Upvote Downvote

Напишано од zabavnomk

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитување…

0

Коментари

0 коментари

Зошто девојките ги одбиваат момците

Маска и крема од киви