Можеби на вашиот паметен телефон не чувате државни тајни, но сигурно чувате информации кои би можеле да им послужат на хакерите за кражба на идентитетот или пари од банкарска сметка.
Доколку сакате да се заштитите од хакери, инсталирајте ги сите ажурирања на софтверот штом тоа постане достапно.Но кога ќе инсталирате апликација за паметен телефон добро размислете пред да и одобрите пристап до телефоното и сите податоци во него.
Основната препорака гласи: Не инсталирајте ништо од непознати и непроверени страници. Дури и да се безопасни апликациите на вашиот телефон можат со дополнителни ажурирања да се претворат во штетни. Затоа одвојте неколку минути за да ги проверите сите апликации на вашиот паметен телефон и да проверите кои дозволим ги користат.
Доколку некој ви го украде телефонот, во опасност можат да бидат сите ваши податоци. Проверете дали телефонот е заклучен кога не се користи. Една од можностите е таа да телефонот го подесите автоматски да ги избрише податоците после одреден број на погрешни обиди за внес на лозинка.
Автоматското пријавување го олеснува животот на корисникот, но и работата на лоповите кои само треба да го отворат пребарувачот за да добијат пристап до сите ваши онлајн налози. Во идеален случај не би требало да ја користите опцијата автоматско пријавување.
Доколку навистина морате, користете апликација за управување со лозинки која од вас ќе бара, во одредени интервали, повторно да ја внесувате лозинката. Никогаш не користете иста лозинка за различни апликација или услуги. Хакерите редовно провалуваат онлајн услуги за да украдат кориснички податоци кои потоа ги испробуваат на други веб локации.
Доколку се сомневата во безбедноста на Wi-Fi мрежата, држете се исклучиво до интернет врската од вашиот мобилен оператор, или користете VPN алатки како што се CyberGhost или TunnelBear. Тие алаткиго насочуваат вашиот интернет сообраќај по пат на приватен шифриран канал па дури и кога некој се обидува да го следи вашиот сообраќај, нема да може да види што правите.

Коментари
Вчитување…