Дали е можно некого многу да сакате, а сепак да се расправате? Поголемиот број на брачни парови ќе одговорат потврдно на ова прашање. Некои истражувања покажуваат дека тие се расправаат седум пати на ден, а научниците откриваат дека реакцијата често нема врска со партнерот, туку со нешто од минатото.Некогаш постапката на нашиот партнер не потсетува на реакција на нашиот бивш партнер или на некои нерасчистени сметки со родителите, па бурно реагираме.
Кога станува збор за партнерот, тука сме ранливи, немаме гард, и логично е дека повеќе не боли тоа што тој ќе го каже или направи отколку некој друг. Психолозите предупредуваат да обрнеме внимание на внатрешниот критички глас поради кој некогаш реагираме премногу бурно. А сите го имаме.
Можно е сепак, да се прекине расправијата во која многу парови се впуштаат, велат стручњаците. Прво, треба да се фокусираме на позитивни работи. Како човечко суштество, ние сме “направени” да обрнеме внимание на опасност, затоа сме насочени на недостатоците на партнерот. Наместо да се фокусираме на негативностите, би требало да размислуваме за добрите работи. Наместо да го критикуваме партнерот за она лошо што го има направено, можеме на пример да му заблагодариме за добро.
Трето, многу е важна паузата. Држете се до правилото “пауза наместо реакција”. Пузата ќе ве сочува од импулсивна реакција која како таква кај нашиот партнер предизвикува реакција, и ете ја расправата. И затоа обидете се да вдишите длабоко 10 секунди и ќе успеете да избегнете расправија и со тоа на тој начин и во иднина ќе успеете да спречите голем број на конфликти.

Коментари
Вчитување…