во

Златни правила за нанесување на парфем

Скоро секоја жена, уште како девојка дознала за парфемот, кој соврсено ја опишува и со години не се откажала од него. Односот на карактерот на една жена и нејзиниот парфем стана легенда, бидејки мирисот кој жената го носи на своите рамена на сите јасно им става до знаење, која е она всушност.

Нанесувањето на парфемот побарува одредена вештина и знаење, за да осигурате  дека мирисот со иста јачина ќе се задржи на вашата кожа во текот на целиот ден.

Ова се златните правила за нанесување на парфеом:

 

При нанесување на трлајте

Со трлање на парфемот на рачниот зглоб, ја загревата кожата, која тогаш ослободува ензими кои ја менуваат структурата на вашиот парфем.За да остане мирисот непроменет и како би уживале во својата омилена нота, само напрскајте го парфемот и оставете да се исуши.

 

Одлучете се за помало пакување

Парфемот кој стои подолго време отворен, потпаѓа на влијание на воздухот и во тој момент и воздухот почнува да ја уништува мирисната молекула, што истотака доведува до промена на мирисот. Поголеми се шансите дека помало пакување на парфем побргу ќе го потрошите и дека доследно ќе уживате во својот омилен мирис.

 

Стратешки одберете на кои места го нанесувате парфемот

За мирисот на вашето тело да трае подолго, битно е да одберете места, на кои ќе го нанесете парфемот. Парфемот нанесете го на делови од телото, изложено на воздух, а мала количина можете да напрскате и на косата, на тој начин насекаде околу вас ќе го чувствувате парфемот кој вас ве инспирира.

Што мислите?

0 points
Upvote Downvote

Напишано од zabavnomk

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитување…

0

Коментари

0 коментари

Анкета

Како да го заштитите вашиот паметен телефон од Хакери