во

Грав за здраво срце и крвни садови

Добар е извор на магнезиум кој од две добри причини се смета за антистресен минерал, важен за работа на мускулите и нервниот систем. Гравот е одлична исхрана за подобрување на здравјето на вашето срце. Оваа мешунка е богат извор на диетални влакна, кои помагаат во намалување на холестеролот и создавање на фолна киселина, а тука се и процесите клучни за зачувување на здравјето на крвните садови.

Исхрана која е богата со грав помага на организмот во претворање на шекерот во искористување на енергијата. Освен тоа, гравот прилично споро се вари, што значи дека овозможува подолг период на заситеност, и затоа нема потреба за внес на непотребни калории. Гравот како и другото мешункасто овошје, одлична е замена за месо, бидејки содржи обилни протеини. Истражувањата покажале дека гравот ја намалува можноста да се заболи од рак на дебелото црево, бидејки успешно ги собира токсините во цревата. При тоа, антиканцерогено дејство имаат повеќе темните врсти на грав во однос на белите и жолтите. Интересно е дека гравот може да помогне и при одвикнување од пушењето. Тој ја зголемува базноста во организмот која влијае на помала желба за никотин.

СМИРЕТЕ ГО НЕРВОЗНИОТ ЖЕЛУДНИК

Околу 100 грама зрели зрна грав варете ги околу 30 минути во пола литро вода и при крајот додадете малку сол. Исцедете и пијте еднаш до два пати на ден. Ова е одличен лек против болки во желудникот и во стомакот воопшто.

Што мислите?

Напишано од zabavnomk

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитување…

0

Зошто девојките ги одбиваат момците